На покана на претседателот на Косовскиот Олимписки комитет, г-динот Исмет Красниќи, претседателот на МОК Даниел Димевски како почесен гостин вчера присуствуваше на свечената церемонија „Лауреати 2023“ која се одржа во Приштина, Косово на која се доделија награди за најдобрите спортисти во изминатата година.
Првиот човек на МОК најпрво ги поздрави присутните гости и ја додели наградата за најдобра селекција во машка конкуренција која припадна на тенисерите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА