Првиот човек на МОК, Даниел Димевски, преку соопштение до јавноста ја најави својата изборна програма, што официјално ќе ја презентира на 26 јануари со почеток во 15 часот.
Како што информира Димевски, презентацијата на програмата 24-28, насловена со Олимпиското мото “Побрзо, повисоко, посилно, заедно”, ќе биде пренесувана во живо на МОК ТВ каналот. На ова ќе му претходи презентација на отчетот за сработеното во првиот мандат, која ќе биде објавена на официјалниот ВЕБ сајт на ден 24.01.2024 год.
Воедно, од МОК информриаат дека истата можност е достапна и за сите останати заинтересирани кандидати кои ќе достават и сакаат јавно да ја презентираат својата програма. Лице за контакт е Сара Глоговац со е-меил адреса: glogovac@mok.org.mk.
Димевски вчера објави дека за 8 февруари закажа Редовно Изборно собрание за претседател на МОК, на кое актуелниот претседател повторно ќе се кандидира за предводник на куќата на олимпизмот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА