Скопје и Македонија од 20 до 26 јули ќе бидат домаќини на најголемиот спортски младински настан во Европа оваа година, Европскиот младински олимписки фестивал 2025.
Македонскиот олимписки комитет на официјална прес-конференција денеска го претстави македонскиот олимписки тим кој ќе ја претставува државава на ЕМОФ 2025, на кој ќе бидат присутни вкупно 50 делегации, 49 земји и плус една делегација под олимписко знаме. А, Македонија ќе биде претставувана од делегација од вкупно 203 лица, од кои 181 спортист и 22 тренери.
Македонија досега во својата историја нема медал од овие игри, па можеби сега е моментот како домаќини да се закитиме со првите одликувања.
„Македонија досега нема медал од овие игри. Сега е времето да дојдеме до одликување. Конкуренцијата е голема, европскиот крем е тука, но силно веруваме дека сега е моментот Македонија да биде меѓу земјите освојувачи на медал од овие игри“ – истакна претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

