Димевски на средба со првиот човек на светското таеквондо: Најавена силна идна поддршка за македонските таеквондисти (ВИДЕО)

За успешниот настап и презентација на македонското таеквондо на Олимписките игри во Париз од страна на Мила Рељиќ, стигна честитка до претседателот на МОК, Даниел Димевски, од страна на челниот човек на светското таеквондо, Чуе Чунгвон.

Тој се заблагодари на претседателот Димевски за досегашната одлична соработка и изрази подготвеност за зголемена поддршка на најдобрите македонски таеквондисти и македонската таеквондо федерација.

Беше истакнато дека наша заедничка цел е освојување на што повеќе медали од европските и светските првенства, како и на следните Олимписки игри во Лос Анџелес 2028.

Се вчитува...