Претседателот на МОК, Даниел Димевски оствари средба со јапонскиот и светски карате инструктор Сенсеи Коичиро Окума од ЈКА како и со челниците на МТКФ, Венцислав и Дејан Недев.
На средбата Димевски упати голема благодарност до Сенсеи Окума за неговата посета во Македонија и за семинарот кој го одржува за македонските каратисти. Дејан Недев се заблагодари од името на МТКФ за приемот, подршката и соработката на МОК кон МТКФ која трае со години.
Од страна на претседателот Димевски беше истакнато дека МОК и во иднина ќе ги подржува сите активности на МТКФ се со цел за постигнување на уште поголеми резултати на македонските каратисти во традиционалното карате. На крај Сенсеи Окума му врачи диплома за подршка во организација на карате семинарот во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА