Димевски: Салите Кале 1 и Кале 2 и лизгалиштето не се предмет на закуп, буџетот спасен од камати

Даниел Димевски, кој беше надворешен соработник на експремиерот Зоран Заев за прашања во областа на спортот, е под лупата на Антикорупциската комисија која оформила предмет за него поради закуп на спортската сала „Кале“. Тој демантира дека се работи за закуп на салите Кале 1 и Кале 2 како и лизгалиштето од СРЦ Кале, кои не се предмет на закуп.

Демантот од Даниел Димевски ви го пренесуваме во целост:

Се работи за класична лажна вест со спинувани факти.

Факти: 

Објавен јавен повик – Оглас за издавање на ЗЕМЈИШТЕ а не објекти, коешто е ДЕЛ од СРЦ Кале на коишто парцели во моментов има запуштен паркинг и целосно руиниран и запуштен базен. 

Спортските сали, Кале 1, Кале 2 и лизгалиштето, НЕ се предмет на закуп.

Кале 1 предадена на КФСМ, Кале 2 издадена на КК Вардар, Лизгалиштето издадено на Федерација за лизгачки спортови на РСМ.

По учеството на Јавниот повик и наддавање, Комисиски избор на најповолна понуда во износ од 600 Евра плус ДДВ.

Реновиран паркинг простор кој ќе работи исклучиво како паркинг.

Повлечена извршна судска пресуда на износ од 123.000 евра плус камати.

Буџетот спасен од камати.

Ја повикувaме антикорупциската комисија час поскоро да ги истражи сите релевантни факти и јавно да ја соопшти одлуката.

Прилози:

Оглас за Јавен повик

Комисиски Записник за избор на најповолен понудувач

Правосилна и извршна судска пресуда

Со почит,

Олимпик доо

 

Се вчитува...