Македонските кикбоксери стартуваа на Европското јуниорско првенство кое се одржува во Венеција, Италија.
Доминантна победа извојува Андријано Димишковски над босанскиот натпреварувач Немања Глигориќ, додека Калин Бабовски ја изгуби борбата против турскиот натпреварувач Карагач Хусеин.
Во наредната борба Димишковски се среќава со Црногорецот Јован Липовина и ако победи ќе се пласира во полуфиналето, што му гарантира најмалку бронза на ЕП.
На Европското првенство настапуваат 1854 кикбоксери со 2404 натправрувачки влезови од 41 држава од Стариот континент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

