Младиот македонски кикбоксер Андријано Димишковски не успеа да дојде до медал на Европското јуниорско кикбокс првенство кое се одржува во Јесоло, Венеција, Италија, откако во четвртфиналето загуби од Црногорецот Јован Липовина.
Претходно Димишковски, кој се натпреварува во категоријата до 63,5 килограми, го победи Глигориќ од БиХ, но во битката за полуфинале загуби од црногорскиот кикбоксер Липовина.
Од нашите репрезентативци остануваат уште Марија Димовска, во категоријата до 60 килограми, која е минатогодишна светска шампионка, и Лука Змејкоски, светски вицешампион од минатата година. И двајцата се борат во полуфинале.
На ЕП настапуваат 1854 кикбоксери со 2404 натправрувачки влезови од 41 држава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

