Димитар Димитриоски е нов ракометар на Валјадолид

Повремениот ракометен репрезентативец на Македонија, Димитар Димитриоски го направи својот прв интернационален трансфер. Македонскиот бек следната сезона ќе биде дел од шпанскиот шампионат каде ќе ги брани боите на Валјадолид.

Тој по одличните настапи за Еурофарм Пелистер 2 минатата сезона успеа да обезбеди трансфер во една од најсилните ракометни лиги во светот. Во Валјадолид тренер ќе му биде Давид Писонеро, кој го водеше и македонскиот Вардар, во периодот кога дел од него беше токму Димитрисоки.

Во Валјадолид своевремено настапуваа и дел од поранешните тренери на Вардар, Роберто Гарсија Парондо и Раул Гонзалес.

 

Се вчитува...