Најдобриот македонски кик-боксер Димитар Ѓорѓиев уште еднаш ја потврди својата класа и во меѓународни рамки освојувајќи ја шампионската титула на Европското првенство за сениори кое се одржува во Братислава, Словачка.
Ѓорѓиев во дисциплината Лоу-кик (до 86 килограми) во денешното финале го победи Русинот Рамазан Баксанов, на тој начин стигнувајќи до европското злато!
Димитар Ѓорѓиев зад себе има и три титули светски шампион, а ова е негова прва европска шампионска круна. Претходно, во полуфиналето Ѓорѓиев беше подобар и од Србинот Милош Цвјетичанин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА