Повеќекратниот светски и европски шампион во кикбокс, Димитар Ѓорѓиев, на 03.06.2022 година во Зворник, Босна и Херцеговина, ќе се бори за европска титула во кикбокс.
Димитар Ѓорѓиев има освоено 8 медали на светски и европски првенства, од кои 5 златни, 1 сребрен и 2 бронзени медали. Во 2021 година го освои четвртото светско злато, после златата од светските првенства во 2011, 2013 и 2015 година. Во својата кариера Ѓорѓиев има и европска шампионска титула од ЕП 2018, а на ЕП 2012 го освои сребрениот медал. Има освоено повеќе од 30 златни медали на меѓународни купови, и е државен првак во две дисциплини од 2009 година.
Борбата за европската титула е уште еден подвиг со кој се афирмира македонскиот спорт и се покажува квалитетот на нашите спортисти, а со досегашниот успех Димитар Ѓорѓиев неминовно има оставено силен белег во кикбоксот во нашата држава и го има покажано својот квалитет на светско ниво.
Борбата која следи е во организацијана „Arena Fight Night“, а тој ќе се бори со Никола Дробњак, а истата ќе биде пренесувана во живо на каналот „Arena Fight“ на 03.06.2022 година во 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА