Трикратниот светски шампион Димитар Ѓоргиев ќе се бори за своја нова круна на меѓународните кик-бокс натпреварувања пласирајќи се во финалето на Европското првенство за сениори кое се одржува во Братислава, Словачка.
Ѓорѓиев во дисциплината Лоу-кик (до 86 килограми) во полуфиналната пресметка славеше со 3-0 против Србинот Милош Цвјетичанин, па во финалето ќе се бори со Рамазан Баксанов од Русија кој го совлада Полјакот Кацпер Фрачак исто така со 3-0.
Уште еден македонски кик-боксер на првенството, Бобан Илиоски (-81 кг, К1) денеска го очекува полуфинале, против Белорусинот Дмитри Баранау.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА