Димитар Митревски се повлече од функцијата спортски директор на шампионот Еурофарм Пелистер, информираа денеска официјално од битолскиот прволигаш.
„РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека заради приватни причини спортскиот директор Димитар Митревски се повлекува од својата професионална функција во клубот. Под негово раководење клубот се издигна во еден од најдобро организираните спортски клубови во Македонија, посебно по потпишувањето на платформата за ракометна Битола“ – се вели во соопштението од клубот.
Со Митревски како прв оперативец, Еурофарм Пелистер освои два Суперкупа на Македонија, една шампионска титула во Суперлигата и редовно игра значајна улога во Европа и СЕХА лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА