Македонскиот фудбалски репрезентативец Димитар Митровски продолжува со одличните партии сезонава во дресот на хрватски Вараждин.
Македонецот денеска беше стрелец за својот тим во победата над Шибеник од 2-1 во хрватскиот шампионат.
Домаќините дојдоа до водство од 1-0 со голот на Дабро во шестата минута од мечот, додека на 2-0 зголеми токму Митровски во 47. минута. Конечните 2-1 ги постави Кулушиќ во 82. минута. Митровски беше заменет во 78. минута, додека преостанатите двајца Македонци во Вараждин, Јованов и Младеновски не добија шанса на овој меч.
Кај поразените целиот натпревар го одигра поранешниот македонски репрезентативец Леонард Жута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА