Димитар Тодоровски заработи повреда на мечот со Олимпија (ФОТО)

ЕКИПА во Раденци, Словенија
Горан Бошев

На денешниот пријателски натпревар на Вардар со Олимпија Љубљана, непосакувана ситуација за шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски.

Во првото полувреме на дуелот незгодна повреда заработи еден од најстандардните првотимци, поранешниот младински репрезентативец Димитар Тодоровски кој мораше предвреме да го напушти дуелот. 23-годишниот Тодоровски заработи незгоден удар при што веднаш побара и замена.

По дополнителните лекарски прегледи ќе биде позната тежината на повредата, и должината на евентуалната пауза за фудбалерот од средниот ред на „црвено-црните“.

Се вчитува...