Димитар Трајков на позајмица во Работнички

Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички денеска објави дека на позајмица во клубот од Дебар маало доаѓа младинскиот репрезентативец на Македонија, Димитар Трајков.

Тој доаѓа на позајмица од украинскиот тим Полисја, а претходно играше и во тимот на Меџумурје во Хрватска.

Трајков во Македонија беше дел од екипите на Брера и Беласица.

Се вчитува...