Вардар Неготино по денешниот пораз од Караорман, остана без шеф на стручен штаб. Љупчо Димитковски поднесе оставка од менстото тренер на неготинскиот тим.
Вардар е меѓу последните на табелата без ниту еден бод од три кола.
„По денешниот пораз oд екипата на Караорман и поради слабите резултати,по разговор со шефот на стручниот штаб заедно со управата,тренерот на екипата Љупчо Димитковски си поднесе оставка. Се надеваме во натамошниот дел од шампионатот на подобри резултати и посилен Вардар.“, стои во соопштението на ФК Вардар Неготино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА