Димитриевски: Десет години сум прв голман, тешко ми е да прифатам да седам на клупа

Најдобриот македонски голман, Столе Димитриевски летово премина од редовите на Рајо Валјекано во Валенсија, но откако Мамардашвили остана во клубот тој е на клупата за резерви на тимот од „Месталја“.

Македонскиот голман во интервју за шпанските медиуми вели дека не му е лесно да седи на клупата бидејќи последните десет години беше прв голман.

„Десет години по ред сум прв голман и затоа ситуацијата во Валенсија ми е тешка за да ја прифатам. Сега се наоѓам во положба да му помогнам на тимот на поинаков начин, бидејќи има многу млади играчи во соблекувалната. Целта е сите заедно да излеземе од кризата и да ги оствариме најдобрите резултати. Во фудбалот се случуваат многу чудни работи, ми се случиле и мене во минатото. Мамардашвили остана, но јас сум во клубот во кој сакав да бидам, сега напорно работам и ја чекам мојата шанса. Се надевам дека тренерот ќе може да ми даде шанса и дека ќе стигнеме до победи и избегнување на опасната зона“, изјави Димитриевски.

Се вчитува...