Димитриевски доби нов тренер во Рајо

Рајо Ваљекано доби нов тренер во името на Ињиго Перез. Станува збор за поранешен помошник тренер на екипата, каде ја извршуваше оваа функција во текот на минатата сезона. Тој доаѓа на Франциско Родригез кој вчера доби отказ од клупата на шпанскиот прволигаш.

Инаку за Перез ова ќе биде прво тренерско искуство. До сега работеше само како асистент на екипата, па Рајо се реши да му даде шанса да го води тимот низ оваа сезона.

Како играч, Перез играше во малдинските категории на Атлетик Билбао, а беше дел и од сениорскиот тим, па потоа во Хуеска, Мајорка, Нумансија и Осасуна, каде во 2022 година ја заврши кариерата.

Се вчитува...