Димитриевски добива нов тренер: Бараха доби отказ од Валенсија

Рубен Бараха не е повеќе тренер на Валенсија, откако доби отказ од челниците на овој клуб поради слабите резултати сезонава. Со тоа македонскиот голман Столе Димитриевски ќе добие нов предводник.

Бараха не можеше да го извади тимот од кризата, и покрај тоа што беше најзаслужен за опстанокот минатата сезона.

„Клубот сака јавно да се заблагодари на Бараха за неговата страст со која го водеше клубот. Бараха е еден од легендите на клубот, откако го презеде тимот во февруари 2023 година, и помогна да се стабилизира во комплицирана ситуација, и да го донесе тимот блиску до Европа. Меѓутоа динамиката на резултатите оваа сезона ја донесоа оваа тешка одлука. Му посакуваме се најдобро во кариерата“, стои во соопштението на Валенсија.

Се вчитува...