Димитриевски два пати „капитулираше“, Рајо во финишот поразен од Осасуна (ВИДЕО)

Столе Димитриевски со Рајо Валјекано го доживеа и вториот пораз во Ла Лига, откако денеска тимот на нашиот репрезентативен голман беше поразен на гостувањето кај Осасуна. И покрај тоа што имаа 1-1 се до финишот на средбата, сепак, Столе прими и втор гол за вториот пораз.

Ороз во 54. минута му донесе водство на тимот на Осасуна, а Димитриевски беше немоќен да стори нешто повеќе. Во 75. минута Лежен донесе израмнување. И кога се чинеше дека Рајо ќе освои бод од ова гостување, во 90. минута Гарсија погоди од непосредна близина и донесе три бода за домашните.

Инаку Димитриевски на стартот имаше една одлична интервенција, откако домашните играчи излегоа сами еден на еден со него, но тој успеа да спаси рано водство за домашните.

Се вчитува...