Димитриевски е повреден, нема да брани за Валенсија

Столе Димитриевски влезе во серија добри настапи во дресот на Валенсија во последниот месец, низа што нема да може да биде продолжена откако македонскиот репрезентативец заработи незгодна повреда, па ќе мора да го пропушти дуелот со Осасуна закажан за викендов.

Валенсија се сооччува со сериозни проблеми и викендов има дури 17 повредени фудбалери, а на долгата листа се наоѓа и Димитриевски. Како што информира „Супердепорте“, медиум исклучително близок на клубот од „Месталја“, Македонецот има повреда на мускулот поради која нема да може да брани в недела, исто како и Хулен Агирезабала, кој е повреден повеќе од еден месец.

Останува деталните лекарски прегледи да утврдат колку е сериозна повредата и колку ќе изнесува паузата за Димитриевски, нешто што е исклучително важно ако се знае дека нашата репрезентација за еден месец ја очекува баражот за пласман на СП 2026 против селекцијата на Данска.

Се вчитува...