Димитриевски е специјалист за пенали: Поранешниот талент на Барса не се прослави против Столе (ВИДЕО)

Македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски продолжува со одличните партии сезонава во шпанската Ла лига. Неговиот Рајо Валјекано на полувреме има 0-0 на гостувањето кај Лас Палмас во првиот меч од денешната понуда од 10. коло во Ла лига.

Најголем виновник за тоа што Рајо има 0-0 на полувреме е токму Димитриевски кој одбрани пенал. Популарниот Столе на одличен начин го спречи ударот од белата точка на поранешната голема надеж на Барселона, а сега фудбалер на Лас Палмас, Мунир. Oва за македонскиот интернационалец е четврти одбранбен пенал во Ла лига.

Stole Dimitrievski (Rayo Vallecano) penalty save against Las Palmas 34'
byu/Meladroitdeposter insoccer

 

Се вчитува...