Македонскиот фудбалски голман Столе Димитриевски денеска го имаше својот прв тренинг како фудбалер на шпанскиот великан Валенсија. Димитриевски по пет поминати сезони во дресот на Рајо Валјекано, ова лето ја промени средината и потпиша со Валенсија.
Димитриевски се очекува да биде број 1 годинава на „Месталја“ откако се поизвесно е дека досегашниот прв голман на тимот, Грузиецот Мамардашвили исто така ќе ја промени средината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА