Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговиот Рајо Ваљекано продолжуваат со низата без пораз во Ла Лига, откако во 11. коло ремизираа (2-2) во драматичен натпревар пред своите навивачи со Реал Сосиедад.
Домашните поведоа на натпреварот со голот на Мумин во 31. минута.
Но, потоа се беше во знакот на Микел Ојарзабал кој најпрво израмни на 1-1 во 41. минута, а потоа со гол од пенал во 66. минута зголеми на 1-2.
⚽️GOAL | Mikel Oyarzabal
66’ | Rayo Vallecano 1 – [2] Real Sociedad pic.twitter.com/jwufYJTZeV
— Prince (@Prin__ceee) October 29, 2023
Се до првата минута од судиското продолжение кога Бебе со прекрасен гол со шут од далечина ги постави конечните 2-2.
GoaL! | Rayo Vallecano 2-2 Real Sociedad | ⚽️ Bebépic.twitter.com/vhgMaLUNXN
— FootColic ⚽️ (@FootColic) October 29, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

