Столе киксираше, Рајо загуби пред своите навивачи од Лас Палмас (ВИДЕО)

Рајо Ваљекано доживеа пораз од Лас Палмас од 0-2 во 21. коло од Ла Лига.

Репрезентативниот голман Столе Димитриевски и Рајо беа немоќни пред своите навивачи во мечот во кој гостите сосема заслужено дојдоа до трите бода.

Најпрво Лас Палмас поведе во првото полувреме со голот на Молеиро во 35. минута по грешката на македонскиот голман…

А со погодокот на Хавиер Муњоз во 83. минута ги постави конечните 0-2.


Се вчитува...