Најдобриот македонски голман Столе Димитриевски нема да биде дел од тимот на Валенсија за дуелот против Атлетико Мадрид овој викенд во Ла лига.
Столе Димитриевски има полесна повреда и тренира по посебна програма. Се очекува македонскиот репрезентативен голман да биде ставен на нови прегледи во следните денови, но најавите се дека ќе го скокне Атлетико.
Столе Димитриевски по доаѓањето во Валенсија се наоѓа во немилост на раководството и стручниот штаб, па за очекување е овој јануари да се обиде да ја промени средината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

