Димитриевски не можеше се сам, Севилја во последната секунда се спаси од пораз (ВИДЕО)

Рајо Валјекано освои само бод против Севилја на „Рамон Санчез Пизхуан“, а голем придонес има и Столе Димитриевски. Македонскиот голман спасуваше, и го донесе својот тим на праг до трите бода, но во 96. минута Ен Несири со глава успеа да погоди и така да ја спаси домашната екипа од пораз.

Оскар Валентин во 21. минута се најде на вистинско место и донесе водство за Рајо, а во 26. минута Алваро Гарсија постигна прекрасен гол за водство од 0-2, резултат со кој се замина на полувремето.

Џибрил Соу во 50. минута успеа да погоди во голот на Димитриевски, откако шутираше максимално прецизно. До израмнување домашните стигнаа во шестата минута од судиското надополнување, откако по изведен корнер Ен Несири успеа да го совлада Димитриевски и да стигне до бод. Веднаш по голот, беше досуден крај на мечот.

Димитриевски имаше три фантастични интервенции, и го држеше својот тим до трите бода, но во последните секунди капитулираше и си заминува само со бод.

Се вчитува...