Димитриевски нема да си замине, ќе почне да брани за Валенсија?!

Столе Димитриевски мина фрустрирачки сезона и половина во Валенсија, се најавуваше дека македонскиот голман во јануарскиот преоден рок конечно ќе си замине и ќе се пресели во клуб каде што ќе може да ги покаже своите квалитети, но последните информации говорат дека – Столе сепак ќе остане на „Месталја“ до крајот на сезонава.

Се очекува Македонецот конечно да добие шанса да ги покаже своите квалитети, откако првиот голман на Валенсија, Хулен Агирезабала, заработи незгодна повреда на денешното гостување против Селта.

Хулен настрада при четвртиот гол на Селта постигнат во 95. минута, кога воопшто не се фрли по топката, туку остана во агонија да лежи на теренот.

„Повредата на Хулен делува навистина сериозно“, беше првиот коментар на тренерот Карлос Корберан по дуелот во Виго.

Првичните информации велат дека паузата ќе изнесува најмалку шест седмици, период во кој Вааленсија ќе го има Димитриевски како стартен голман.

Се вчитува...