Димитриевски одличен, Барселона спаси бод со автогол (ВИДЕО)

Дека брани во супер форма во шпанската Ла Лига, Столе Димитриевски покажа и на дуелот со Барселона. Сепак, некоја минута недостасуваше за Рајо Валјекано да го земе „целиот плен“ од овој натпревар. Имаше водство од 1-0 со прекрасен гол, потоа Димитриевски спасуваше неколку пари, но на крајот не можеше ништо во 82. минута кога домашните си постигнаа автогол.

Лопез во 39. минута го донесе тимот на Рајо во предност. Прекрасен гол постигна играчот на Рајо, кој од 30 метри шутираше прецизно во голот на Инаки Пења, кој го донесе домашниот тим во предност.

Димитриевски ја држеше мрежата чиста, но ништо не можеше во 82. минута. Нафрлување од левата страна на Барселона, а играчот на Рајо, Лехуене го совлада Димитриевски за израмнување. 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...