Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски не успеа да ја спаси Валенсија од пораз (1-0) од последнопласираниот Овиедо во натпреварот од 28. коло на шпанската Примера.
Херој на домашните беше Давид Костас, кој постигна победнички гол во 30. минута.
Димитриевски имаше одличен настап и во неколку наврати го спасуваше својот тим, но неговите соиграчи не можеа да реализираат во нападот барем за бод на мечот.
Во следното коло, Валенсија гостува против Севилја, а Овиедо игра со екипата на Леванте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

