Димитриевски остана без тренер, Рајо го разреши Родригез

Рајо Ваљекано, тимот за кој настапува Столе Димитриевски од вечерва остана без тренер, откако Франциско Родригез беше разрешен од позицијата.

Родригез го презеде кормилото на Рајо во јуни 2023 година, и после неполни девет месеци се раздели од клубот. Рајо имаше одличен старт на сезоната, но потоа по серијата лоши резултати сега се најде на 14. позиција на табелата. Екипата е во серија од шест меча без победа, вклучувајќи ја и елиминацијата од Купот на Шпанија.

Заедно со Родригез, е разрешен и целиот стручен штаб, а новиот тренер ќе биде познат во следните неколку дена.

Се вчитува...