Вчера екипата на Рајо Валјекано освои бод од гостувањето кај Валенсија на „Месталја“. По којзнае кој пат Столе Димитриевски носи бод(ови) за Рајо во битката за излез во Европа.
Така беше и на вчерашниот меч кога во еден миг, Димитриевски се истакна со фантастична одбрана. Со тоа го остави тимот на Рајо во предност од 0-1. Сепак, во финишот не можеше ништо да стори откако Валенсија од пенал успеа да дојде до еден бод и да се спаси од пораз.
¡@Dimitrievski1 al rescate! #ValenciaRayo #LaLigaSantander #LaLigaHighlights pic.twitter.com/hoIPxaOlE5
— LaLiga (@LaLiga) April 3, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА