Димитриевски правеше чуда, но не успеа да ја запре Барса

Столе Димитриевски одигра извонредна партија на голот на Рајо Валјекано, но неговиот тим и покрај водството од 1-0 немаше сили за сензација против фаворитот Барселона (1-2).

Токму македонскиот репрезентативен голман беше најзаслужен што првото полувреме заврши без голови, по неколкуте одлични интервенции со кои ги запре избраниците на Роналд Куман. Рајо искористи една од ретките шанси во шеснаестникот на Барса, но тоа беше само најава за уште поголема офанзива на каталонскиот гигант, кој на крајот успеа да направи целосен пресврт.

Меси беше стрелец на израмнувачкиот погодок на асистенција на Гризман, a аргентинскиот генијалец учествуваше и во акцијата при голот за победа, одлично проигрувајќи го Алба, кој асистираше до стрелецот Де Јонг.

 

Се вчитува...