Димитриевски: Сакам полн стадион и „чиста“ мрежа

Голманот на македонскиот национален тим Столе Димитриевски рече дека утре очекува поддршка од публиката за победа над Грузија.

Димитриевски кажа дека чувството е секогаш различно кога се игра на домашен терен и кога е полн стадионот.

„Јас сум пресреќен кога играм на домашен терен. Чувството е различно и би сакал стадионот да биде полн и да добиеме најголема поддршка до сега. Со нивната подршка и нашиот план и квалитет верувам дека ќе стигнеме до победа над Грузија“, рече голманот на националниот тим.

Димитриевски вели дека на секој меч се подготвува за „чиста мрежа“.

„Очекувам и се подготвувам за секој меч да имам чиста мрежа. Тој е мој принцип кога ќе влезам во секој натпревар. Грузија е одличен тим и имаат многу напредувано од последниот меч кога се сретнавме со нив. Даваат многу голови но и ние може да дадеме голови бидејќи создаваме многу шанси. Мислам дека утре ако ја сочувам мрежата, ќе го добиеме натпреварот“, рече Димитриевски.

Се вчитува...