Димитриевски само на клупата, Валенсија со гол во 93. минута до бод со Севилја (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно се врати во составот на валенсија, но остана само на клупата за резервни фудбалери во ремито (1-1) против Севилја во Ла Лига.

Севилја поведе со автоголот на Тарега во 58.минута од средбата.

Но, Валенсија успеа да дојде барем до бод со голот на Дуро во третата минута од судиското продолжение.

Се вчитува...