Димитриевски сигурен на голот, Валенсија освои бод во Барселона

Столе Димитриевски беше еден од најдобрите поединци во таборот на Валенсија, помагајќи му на својоттим да остане непоразен на гостувањето во Барселона против Еспањол (1-1).

Македонскиот голман повторно доби шанса од прватаминута во ситуација кога Мамардашвили е повреден и даде значаен придонес за Валенсија да стигне до значаен бод.

Еспањол прв поведе кога Пуадо се најде осамен во петерецот во 44. минута и со удар со глава ја затресе мрежата на Валенсија, но гостите возвратија во вториот дел израмнувајќи преку Лопез во 47. минута.

Во вториот меч од вечерашната програма Вилјареал и Рајо Валјекано ремизираа 1-1, гостите први поведоа преку Гарсија, но Рајо и со играч помалку стигна до израмнување со голот на Перез во 45. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...