Димитриевски со чиста мрежа, Валенсија со голема победа над Гетафе (ВИДЕО)

Македонскиот голман Столе Димитриевски, на втор меч по ред ја сочува мрежата на Валенсија чиста, а неговиот тим запиша важен триумф во битката за опстанок во Ла Лига. Димитриевски успеа да сочува „нула“ на гостувањето кај Гетафе, а неговиот тим со 0-1 да ги освои бодовите.

Димитриевски имаше три лесни одбрани, и една тешка во последните мигови кога и беше фаулиран. Гаја во 84. минута го постигна голот за победа. По една одлична акција, Гаја со лоб удар го совлада домашниот голман Сорија, и така тимот од „Местаља“ дојде до голем триумф.

Со оваа победа Валенсија избега од опасната зона, и сега има 20 бодови, или еден повеќе од Алавес кој е на 18 место.

Се вчитува...