Столе Димитриевски ја сочува мрежата чиста за Валенсија на градското дерби со Леванте и победа на гостински терен со 2-0. Македонскиот голман на 0-0 имаше фантастична одбрана, со која не дозволи да се тресе неговата мрежа, а потоа во вториот дел неговите соиграчи реализираа двапати и донесоа победа.
🧤 @Dimitrievski1 #LevanteUDValencia #LaLigaHighlights pic.twitter.com/c08XNYrj6P
— Valencia CF (@valenciacf) February 15, 2026
Рамазани постигна прекрасен гол во 64. минута откако ја испрати топката во горниот лев агол за предност на Валенсија од 1-0.
На 2-0 зголеми Умар Садик во 85. минута кога дојде до позиција за удар, и после лошата проценка на противничката одбрана успеа да ја испрати топката во мрежата за голем триумф на Валенсија во битката за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

