Димитриевски со фантастична одбрана и чиста мрежа, Валенсија со триумф во Севиља (ВИДЕО)

Македонскиот голман Столе Димитриевски доаѓа на собирот на репрезентацијата во одлична форма, откако вечерва ја сочува мрежата на тешкото гостување кај Севиља, а неговата Валенсија освои значајни три бода во битката за опстанокот во Ла Лига.

Откако Димитриевски е меѓу диреците на Валенсија, овој тим бележи добри резултати и испливува кон опстанокот, а сега добрата форма Димитриевски треба да ја префрли и во националниот тим и на баражот со Данска.

Уго Дуро во 38. минута постигна гол со глава, и ја донесе Валенсија во предност, а во петата минута од судиското надополнување во првиот дел Рамазани зголеми на 0-2.

Димитриевски дури во финишот имаше работа, а во 95. минута ја забележа и единствената одбрана откако од аголот ја извади топката по ударот на играчот на Севиља, Менди.

Се вчитува...