Димитриевски: Сон ми е да ја завршам репрезентативната кариера со настап на СП 2030 во Шпанија

Голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски во интервју за „Телемадрид“ зборуваше за својата иднина во Рајо Валјекано. Неговиот договор со овој тим завршува во 2024 година, но кажа дека нема ништо против не само да го продолжи договорот со овој тим, туку подоцна и да работи како тренер тука.

Тој вели дека Рајо е тим кој му дал се, и дека сака тука да ја заврши кариерата.

„Стадионот на Рајо е посебен, нашите навивачи се единствени и горд сум и среќен што играм тука. Доаѓам од многу поскромно општество и го засакав овој клуб. Имам договор на уште една година, и немам проблем да останам тука и да ја завршам кариерата. Подоцна би сакал да бидам тренер или нешто друго во Рајо. Немам проблем да го дадам својот живот за Рајо, затоа што Рајо ми даде многу“, рече Димитриевски.

Димитриевски исто така во интервјуто ги кажа своите планови за репрезентацијата.

„Мојот син би бил да ја завршам репрезентативната кариера на Мундијалот во 203о година, и би сакал да се игра во Шпанија и во Португалија. Тогаш ќе имам 36 години“, рече Димитриевски.

Шпанија, Португалија се најсериозни кандидати за организација на Мундијалот во 2030 година, а во последно време се споменува дека ќе им се приклучат и Мароко и Украина.

Се вчитува...