Од 1. јануари македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски може да влезе во преговори со нов клуб, со оглед дека неговиот договор истекува во јуни 2024 година. Димитриевски е поврзуван со трансфер во Валенсија, Севилја и Вилјареал, но опција е и останување во Рајо Валјекано.
Од тимот на Рајо се задоволни од македонскиот голман, и веќе почнаа преговори за обновување, нешто кое го призна и самиот Димитриевски по натпреварот со Гетафе и победата од 2-0.
„Обновување на договорот? Среќен сум во клубот, имам добра комуникација и со претседателот, и со сите во тимот. Во преговори сме и ќе видиме што ќе се случи. Ќе ја донесеме најдобрата одлука и за мене и за клубот“, рече Димитриевски по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

