Димитриевски веднаш се враќа на голот, Зајков на дополнителни прегледи

Македонскиот национален тим освои четири бода во дуелите со Италија и со Малта во квалификациите, но се соочи со повреди на Столе Димитриевски и на Ѓоко Зајков. Димитриевски поради повреда на ногата на дуелот со Италија, мораше предвреме да ја напушти репрезентацијата во Малта, и да се врати во Мадрид.

Зајков, пак, се повреди на вчерашниот дуел со Малта, откако беше турнат и незгодно падна, заработувајќи повреда на грбот. Иако вчера ноќта ја мина во болница, сепак, тој ќе биде испратен на дополнителни прегледи во Скопје, за да се утврди за што точно станува збор. Се претпоставува дека има проблем со некој нерв при незгодниот удар и пад.

Димитриевски, пак, според шпанските медиуми го издржал денешниот тренинг на Рајо, и се очекува тој веднаш да се врати меѓу диреците уште на натпреварот против Алавес во петок.

Се вчитува...