Димитриевски во тимот на колото во Ла Лига, Столе во „избрано друштво“ со Белингем, Алаба, Иско…

Столе Димитриевски имаше импресивен старт на сезоната во шпанската Ла Лига, откако македонскиот ас даде значаен придонес во триумфот на Рајо Валјекано од 0-2 на гостувањето против Алмерија.

Фудбалерите на Алмерија имаа три стопроцентни шанси за гол, но Димитриевски ги запре нивните налети, поради што Македонецот заслужено беше избран за најдобар голман во првото коло од Ла Лига.

Тој е предводник на идеалниот тим на првата рунда, во која има место за тројца фудбалери на Реал Мадрид (Алаба, Белингем и Родриго), како и Иско од Бетис, Кунде од Барса, Дуро од Валенсија….

Се вчитува...