Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ имаше 100% ефект во убедливата победа на Хувентуд против Сан Пабло Бургос од 65-87 во 17. коло од АЦБ лигата.
Димитријевиќ имаше мала минутажа, минувајќи само десет минути на паркетот, но сето тоа заокружувајќи со 6 поени, притоа со два од два во шутот за два поени и две од две погодени слободни фрлања. Македонецот имаше и плус две асистенции и еден скок.
Најефикасен во победничкиот тим беше Лапривотола со 18 поени, а кај домашните се издвои Хускиќ со 15 постинати поени.
Хувентуд ја запиша десеттата победа во АЦБ лигата за делба на седмата позиција на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА