Димитријевиќ блескаше и му донесе финале на Армани во Супер-купот

Ненад Димитријевиќ покажува дека ќе биде огромно засилувње за тимот на Армани Милано, откако вечерва постигна најмногу поени во победата на својот тим против Венеција во  Супер-Купот на Италија во победата од 73-62. Со тоа неговиот  тим се пласираше во финалето, и ќе игра со подобриот од мечот Наполи – Виртус Болоња.

Македонскиот кошаркар постигна 14 поени за 24 минути игра колку што беше на паркетот. Имаше 62,5% од шутот за два поени, и 50% во шутот за тројки.

Зад него беше Никола Миротиќ кој постигна 13 поени во 23 минути игра.

Победникот беше решен веќе по три четвртини, со што во последната дојде до мало опуштање, па Венеција го доби последниот период од мечот.

 

Се вчитува...