Ненад Димитријевиќ и Уникс не успеаја да стигнат до нов дерби триумф, откако по големата победа над ЦСКА Москва попладнево загубија на домашен терен од Зенит со резултат 69-80.
Поразот е апсолутно заслужен ако се знае дека гостите од Санкт Петербург водеа во текот на целиот натпревар, а во последните десет минути влегоа со предност од огромни 21 поен разлика. Уникс успеа барем малку да се врати, на нецели три минути до крајот домаќините дојдоа на „минус девет“, при што имаа и два промашени шута за тројка, по што Зенит рутински го приведе мечот до крај.
Македонскиот репрезентативец беше меѓу најдобрите поединци во својот тим, постигна 13 поени надополнети со три скока и четири асистенции, што сепак беше премалку за да се избегне пораз на овој дерби-дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА