Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше квалитетно деби за тимот на Валенсија на стартот од новата сезона во шпанската АЦБ-лига, успешно надминувајќи ја повредата здобиената за време на подготвителниот циклус пред почетокот на шампионатот.
Димитријевиќ мечот на Валенсија го заврши со девет постигнати поени, иако неговиот тим имаше неславен почеток на сезоната со пораз од Басконија од 67-72.
Македонскиот кошаркар, кој мина нешто повеќе од 20 минути на паркетот, заврши со 9 поени (1/4 за три, 1/1 за два, 4/4 за еден поен), дополнети и со шест асистенции и три скока. Најефикасен во таборот на Валенсија беше Дубљевиќ со 14 поени, дополнети и со шест скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА