Димитријевиќ дебитираше за Баерн во победата над Басконија (ВИДЕО)

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ го имаше своето деби во дресот на германскиот Баерн Минхен во победата на домашен терен над Басконија од 96-89 во последниот натпревар од 20. коло во Евролигата.

Двете екипи одиграа еден израмнет натпревар во кој домаќините постигнаа дури 36 поени во последниот период што на крајот беше доволно за конечен триумф и запишување на седмата победа сезонава во елитата.

Димитријевиќ одигра 17 минути на овој меч во кои запиша осум поени, надополнети со четири асистенции и три скока. Убедливо најдобар поединец во таборот на победникот беше Обст кој заврши со 37 поени. Кај поразените Спањоло постигна 20 поени.

🏀🏀🏀

Се вчитува...