Ненад Димитријевиќ ќе се бори за трофејот во Купот на Италија откако македонскиот плејмејкер со тимот на Олимпија Милано обезбеди пласман во големото финале од ова натпреварување.
По големиот триумф над Виртус Болоња во четвртфиналето, Олимпија Милано вечерва беше подобар и во полуфиналната пресметка со Бреша со резултат 74-69. Мечот беше целосно израмнет во првите три четвртини, потоа Милано успеа да се одлепи резултатски на стартот од четвртиот период, стигна до двоцифрена предност и на крајот се радуваше на победата.
Димитријевиќ мина на теренот само 11 минути, период во кој успеа да реализира четири поени и една асистенција. Најефикасни во таборот на Милано беа Шилдс со 19 и Миротиќ со 14 поени.
Противник на италијанскиот првак во големото финале ќе биде подобриот од вечерашната полуфинална пресметка меѓу Трентино и Трст.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА